Томпсон го удрил Грин на журка во Лос Анџелес

Лошите момчиња од „Кливленд“ и „Голден Стејт“, Тристан Томпсон и Драјмонд Грин се познати како нервозни кошаркари склони кон инциденти, а особено нетрпение владее кога играат меѓусебно. Двајцата последен пат се судрија за време на годинешното финале. Конфликтот го продолжија на нивната прва средба на забава во Лос Анџелес.

На журката организирана од Леброн Џејмс, Грин побарал од Томпсон да се извини за она што го кажал за „Голден Стејт“ по победничката парада, како и зашто не сакал да се ракуваат по четвртиот натпревар по кој „Голден Стејт“ ја освои титулата.
Томпсон одбил да се извини па го удрил Грин. Двајцата имаа вербална, а потоа и мала физичка конфронтација за време на првиот натпревар од финалето, кога Томпсон беше исклучен.

Што се однесува до тепачката во клубот, нема видео или фото материјал за да се докаже дека се случил конфликт. Некои извори велат дека немало сериозна борба и дека остатокот од луѓето ја смириле ситуацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.