Тони Крос од Минхен се сели во Мадрид

Фудбалските медиуми во Шпанија пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека раководните лица на новиот европски клупски шампион, Реал (М) и тие на германскиот гигант Баерн (М), околу трансферот на одличниот играч за врска, Тони Крос.

Репрезентативецот на Германија во следните пет сезони ќе го носи дресот на “кралскиот клуб”, а од неговата продажба, челниците на баварскиот гигант заработија околу 25 мил. евра.

Иако доби официјална понуда и од најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Крос ја прифати таа на Реал (М) поради ветената годишна плата од 6.5 мил. евра.