(ФОТО) Tони Трајковски натепан, бил во болница и не дојде на судењето за „ТНТ“

На почетокот од денешното рочиште за предметот “ТНТ”, односно уривањето на “Космос” не дојде второобвинетиот Тони Трајковски, кој беше градоначалник на Гази Баба.

Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот дека вчера бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, кажа судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.

Според адвокатот на Трајковски, тој имал оток, со видливи повреди.

Судијата Огнен Ставрев го контактирал докторот кој му рекол дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома.

“За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно”, рече судијата и даде еден час пауза.

Утре истекува мандатот на една поротничка. Доколу дотогаш нема пресуда, судењето ќе мора да се врати одново, освен ако не и биде продолжен мандатот од страна на Судскиот совет. Судскиот процес “ТНТ” веќе две години е во судница. На претходните две рочишта дел од обвинетите немаа адвокати и им назначија по службена должност, Трајковски пак го смени адвокатот и назначи нов, оттогаш новите бранители бараа одлагање на процесот за да го разгледаат предметот.