Топ девет најчести причини за неверство

Имајќи предвид дека малку кој е подготвен отворено да зборува за своето искуство за водење на „двоен живот“, најголем дел за она што луѓето го знаат за неверството се предрсудите.

По откривање на неверството, двојката  не може да биде среќна

Тешко е да се врати довербата по неверството, но тоа не значи дека нема начин врската да се обнови. Во многу случаи тие кои одлучуваат да продолжат понатаму, успеваат да изградат уште посилна врска.

Неверството не се случува пради сексот

Понекогаш сексот на страна е само секс на страна. Секако има и неверства кои се однесуваат на емотивните потреби, но некои луѓе се одлучуваат на неверство само за да имаат секс со некоја друга личност.

Не е неверство ако не вклучува секс

Многу неверства се без секс. Ако се допишувате со некој, дали тоа се смета за неверство? Можеби личноста која тоа го прави не ја увидува вистинската состојба, но партнерот секако го доживува како неверство. Сепак и емотивно можеме да го изневериме партнерот, со тоа што ќе му дадеме време, мисли и чувсвтва на некој друг.

Неверствата се случуваат пради сексуална привлечност

Секако дека некои неверства го вклучуваат само сексот, но најчесто станува збор за емотивни врски. Некогаш дружењето и размената на нежност ги издава неверниците.

До неверство доаѓа поради проблеми во бракот

Вистина е дека во сите бракови има проблеми. Неверствата не се случуваат затоа што со бракот нешто не е во ред, се случуваат бидејќи двојките не знаат да се усогласат и на вистински начин да се решат проблемите. Но проблемите во брак, не може да бидат оправдание за неверство.

Еднаш неверник, секогаш неверник

Ако некој еднаш се впушти во неверство, не мора да значи дека тоа повтроно ќе се случи. Најголем дел од аферите се случуваат еднаш и никогаш повеќе. Тоа што се случува после тоа, бракот може да го доведе во пропаст или да го опорави.

По неверството, бракот не може да се опорави

Половина од браковите го преживуваат неверството. Иако врската може да се растури и поради други проблеми во иднина, двојките кои се подготвени заеднички да работат на опстанок на бракот, вообичаено успеваат повторно да изградат доверба.Најчеста причина за развод е оттуѓеноста на сопружниците (55 отсто случаи) како и непостоење на стабилна меѓусебна комуникација.

Партнерите изневеруваат со атрактивни и помлади лица

Тоа не е секогаш така.Лицата со кои луѓето се впуштаат во недозволени романси вообичаено не се ништо подобри и поатрактивни од нивните сопружници.

Мажите секогаш бараат врска „на страна“

Вистината е дека аферите се случуваат на луѓе кои никогаш не ги барале овие афери. Аферите најчесто почнуваат како пријатно дружење со некој, потоа се развива блискост која може да прерасне во емотивна поврзаност. Ако некој изневерува, не мора да значи дека планирал нешто н да направи.