Топлификација бара над 2 милиона евра од БЕГ

Топлификација бара отштета од 2,2 милиони евра од БЕГ како носител на лиценца, а доколку не ги наплати, ќе ги бара од државата. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од 2012 година со која се доделени лиценците на БЕГ, ја оштетиле Топлификација за 2,2, милиони евра – тврдат акционерите. За оваа одлука обвинителството покрена обвинение против неколку членови на Регулаторна меѓу кои и за поранешниот претседател на комисијата.
„Фирмата во сопственост на БЕГ АД која ја добива лиценцата за дистрибуција, нема во сопственост мерни уреди за мерење на топлинската енергија на праг на производителот и на праг на објектите. Фирмата во сопственост на Топлификација АД, Дистрибуција на топлина ДООЕЛ, има во сопственост мерно регулациона опрема во вредност од околу 1 милион евра. Новиот носител на лиценца оваа опрема ја користи без дозвола на сопственикот и без да плаќа надоместок за користењето“ – се вели во соопштението на Топлификација.

Акционерите во Топлификација одамна тврдат дека БЕГ не ги исполнува условите за добивање на лиценците и дека Регулаторна направила кривично дело.