Топло чоколадо – слатко зимско задоволство

Топлото чоколадо е омилена топла напивка на многумина, и е идеално за овие зимски  денови .

Освен тоа што е убав начин да се поминат попладневните часови во добро друштво, неговата конзумација всушност е многу корисна. Чоколадото се смета одговорно за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува излачувањето на серотонинот (хормонот “за добро расположение”) во нашиот организам. Има природно смирувачко и антидепресивно влијание, а освен тоа – го намалува ризикот од згрутчување на крвта.

Домашно, кремасто совршенство во чаша за врвно задоволство. Едноставно за подготвување и одлично за студените зимски денови.

Потребно:

1 литар млеко

1 стапче цимет, китка свежо нане или 2 стапчиња ванила

280 гр. чоколада за готвење, исечено на мали парчиња

Шлаг пена, за сервирање

Чоколадни трошки, за декорирање

Подготовка:

Најпрво сварете го млекото. Додадете цимет, нане или ванила, по желба. Оставете ја смесата на оган десетина минути, а потоа тргнете го од оган и со помош на цедалка извадете го стапчето цимет, нането или стапчињата ванила, зависно од тоа кој вкус сте се одлучиле да го додадете во вашиот специјалитет. Вратете го млекото на оган и додадете го чоколадото и мешајте се додека не се стопи целото чоколадо и млекото не се запени. Послужете го веднаш со шлаг пена и чоколадни трошки одозгора.