Во јуни и јули силната горештина што ја зафати цела Франција предизвика смрт на 1.500 луѓе, соопшти во неделатаминистерката за здравство Анес Бузен.
Министерката рече дека споредено со рекордните горештини од 2003 година, бројот на починати ова лето е десет пати помалку. Бузен прецизираше дека половина од оние што починале оваа година се на возраст над 75 години.
„И покрај овие тешки услови, од 2003 година успеавме да ја намалиме смртноста за десет пати, благодарение на превенцијата и соодветното информирање на населението“, рече Бузен, заблагодарувајќи се на професионалната мобилизација на вработените во здравствениот сектор.
Во јуни годинава, Франција регистрираше температурен рекорд од 46 Целзиусови степени.