Торбата со пари, Боки 13 и Кичеец ја однеле во Влада

Снимката што денеска се појави во Италија, има една клучна алатка во докажувањето на тоа КОЈ стои зад рекетот што го прават Боки 13 и Кичеец, пренесува порталот на новинарот Миленко Неделковски, Дудинка.орг.

Имено, во текстот пишува дека ,,се работи за брендираната чанта Луј Витон во која се ставени милион-и-пол евра и тоа најголем дел во банкноти под 50 евра. Толку е тешка што дури и набилдан момак ко Кичеец едвај ја тегне!’’.

Понатму во текстот новинарот Миленко Неделковскли нагласува дека „проблемот што го имаат рекетарите и нивниот Капо е што во таа торба имало поставено „тракер“. Односно GPS уред што лоцира точно каде е чантата во одреден момент.

„Документирано е од страна на службата што ја прави целата акција за разоткривање на криминално-рекетарската шема, дека откако Боки и Кичеец пешки доаѓаат до своето ауто и заминуваат со него, СЛЕДНОТО застанување на возилото е во гаражите на Владата на Република Македонија“, констатира Неделковски.

https://www.youtube.com/watch?v=8s4fMxpiYWY