Торино нема што да бара на Олимпико

Денеска ќе се одигра само еден натпревар од вонредното 30. коло од италијанската Серија А.

Моментално второпласираниот тим на табелата, Рома, важи за апсолутен фаворит пред стартот на дуелот против гостинскиот тим на Торино, а предводникот на римската “волчица”, Руди Гарсија уште еднаш ги потсети своите фудбалери дека можат веднаш да заборават на популарното “скудето”.

„Јувентус има рекордна сезона, но рекордна сезона има и мојот тим. Се што можеме да направиме е да победиме и да видиме каков ќе биде нашиот пласман на крајот од актуелната сезона. Мора да внимаваме на првенствената табела, но мора да се фокусираме на втората позиција, која е приоритет за Рома. Сега имаме 64 бода, а сакам да имаме 67 бода после натпреварот против Торино. Иако имам неколку повредени фудбалери, сакам мојот тим да заврши на втората позиција на табелата. Ќе дадеме се од себе кога е во прашање борбата за втората позиција, таква е реалноста на Рома”, изјави Гарсија.