Торино подобар од Лацио

ANSA/ ALESSANDRO DI MARCO

Во средбата од последното коло од италијанското фудбалско првенство, Торино го победи Лациоа со 3:1, а сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Головите за Торино ги постигнаа Јаго Флаке во 52, Саша Лукиќ во 54 и Лоренцо Де Силвестри во 81 минута, а за Лацио на 1:2 намали Чиро Имобиле во 67 минута.

Крајниот исход од овој меч нема поголема резултатска важност, бидејќи Торино само моментално бодовно се израмни со шестата Рома со 63 бодови, но не доволно за да се квалигикува во Лига Европа. Торино се чини во пртпоследното коло ја пропушти шасната за пласман во европските купови, кога со 1:4 беше поразен кај Емполи кое се бори за опстанок.

Лацио, пак, кој е осми со 59 бодови, одамна ги загуби шансите за висок пласман, но благодарејќи на победата во финалето на Купот ќе игра во Лига Европа.

Вечерва на распоредот се дуелите по кои ќе биде познато која екипа покрај Јувентус и Наполи следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а која ќе им се придружи на Киево и Фросиноне во втората лига.

Во недела вечер се играат дуелите: Сампдорија – Јувентус, Аталанта – Сасуоло, Интер – Емполи, Фиорентина – Џенова, СПАЛ – Милан, Калхари – Удинезе и Рома – Парма.