Торино ремизираше со Аталанта

Во единствениот натпревар во саботата од 15-то коло на италијанското фудбалско првенство Торино и Аталанта одиграа без победник 1:1 (1:0).

Домашните во водство дојдоа во самата завршница од првото полувреме кога прецизен беше Н‘Колу, а израмни Иличиќ во 54 минута.

Со ваквиот исход двете екипи останаа бодовно израмнети, сега имаат по 20 бодови, како и Милан, Болоња и Киево, кои своите средби од 15-то коло игра во неделата.

Големото дерби беше одигран во петокот вечерта кога актуелниот шампион Јувентус како гостин го совлада водечкиот Наполи со минимални 1:0. Со оваа победа Јувентус дојде на второто место со 37 бодови, еден помалку од Наполи, а третиот Интер има 36 бодови, но и меч помалку, во недела ќе го пречека Киево.

Во петокот, исто така, Рома лесно како домаќин го совлада СПАЛ со 3:1 (2:0). Рома има 34 бодови од 14 натпревари, четири помалку од водечкиот Наполи, а СПАЛ е 18-ти со 10 бодови.

Во недела на распоред се средбите Беневенто – Милан, Интер – Киево, Болоња – Каљари, Фиорентина – Сасуоло и Сампдорија – Лацио, Кротоне – Удинезе и Верона – Џенова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.