Торино за малку ќе испуштеше сигурна победа

Фудбалерите на Торино го совладаа Фросиноне со 3.2 (1:0), откако успеаја да прокоцкаат сигурно водство во првиот меч од осмото коло на италијанското пренство.

Домашните поведоа со 2:0 со головите на Ринкон во 20 и Басели во 46 минута, но гостите успеаја да израмнат со два гола постигнати за само шест минути, преку Голдинг во 58 и Чиано во 64 минута. Сепак Торино успа да се собере и со погодокот на Беренгуер во 71 минута да ја оправда улогата на фаворит на овој дуел.

Торино во моментов е на 8-то место на табелата со 12 бодови, колку што имаат и шестата Џенова и седмиот Лацио, а Фросиноне со само еден нерешен исход од почетокот на сезоната е претпоследен 19-ти со еден бод. Зад него е само Киево кое уште е во бодовен минус откако му беа одземени бодови.

Јувентус е на чело со максималните 21 бод, а го следи Наполи со 15 бодови, а од третото до петтото место се Фиорентина, Интер и Сасуоло со по 13 бодови.

Во осмото коло на Серија А во сабота ќе се одиграат мечевите Калјари – Болоња, Удинезе – Јувентус и Емполи – Рома. Во недела, пак, се среќаваат Џенова – Парма, Аталанта – Сампдорија, Лацио – Фиорентина, Милан – Киево, Наполи – Сасуоло и СПАЛ – Интер.