Торонот и Денвер поведоа со 3-2

Торонто Репторс и Денвер Нагетс се на чекор до финалето во Источната односно Западната конференција во НБА лигата, откако ноќта кон средата ги совладаа Филаделфија 76ерс и Портланд Трејл Блејзерс и поведоа со 3-2 во серијата до четири победи.

Во Торонот Репторс со 125:89 ги победија Филаделфија 76ерс, а во Денвер Нагетс со 124:98 беа подобри од Портланд Трејл Блејзерс.

Репторс до победата ги предводеа Паскал Сиакам со 25 коша, а Каваи Леонард додаде 21 коша и 13 скокови. Најдобри кај Сиксерс беа Џими Батлер со 22 коша, додека Џоел Ембиид додаде 13 поени.

И Денвер Нагетс го искористија домашниот терен да поведат со 3-2 во серијата, и убедливо со 26 разлика ги победија Портланд Трејл Блејзерс.

Никола Јокиќ беше најдобар стрелец кај домашната екипа со 24 поени и 19 скокови, додека Пол Милсап додад 19 коша. Демиен Лилард беше најдобар кај Портланд со 22 коша.

Петтиот натпревар се игра во четврток во Портланд и доколку Денвер победат ќе се најдат во конференциското финале првпат по десет години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.