Торонто неприкосновен во Источната конференција

Бостон Селтикс ја освои осмата последователна победа откако го совлада тимот на Атланта Хокс дома со 129:108. Кајри Ирвинг постигна 24 поени во три четвртини за „келтите“, а неговата лична статистика беше дополнета со 5 асистенции, 5 скока и 4 блокади.

Тој постигна 12 поени само во првиот дел, а неговиот тим благодарение на нив поведе со 23:5. Две минути пред да заврши третиот период, Бостон веќе ја помина границата од 100 поени.

Џејсон Тејтум постигна 22 поени за Бостон, додека Маркус Морис со 20 и Гордон Хејворд со 19 помогнаа во убедливиот триумф на тимот.

Со овој успех, Бостон веќе има 18 победи и 10 порази и се наоѓа на второто место во Атлантската дивизија. Атланта е на претпоследно место во целата Источна конференција.

Резултати од НБА:

Бостон – Атланта 129:108
Шарлот – Њујорк 124:126 (по продолжение)
Бруклин – Вашингтон 125:118
Кливленд – Милвоки 102:114
Филаделфија – Индијана 101:113
Мемфис – Мајами 97:100
Денвер – Оклахома Сити 109:98
Портланд – Торонто 128:122
Сакраменто – Голден Стејт 125:130

Лидери по дивизии:

Источна конференција

Атлантската дивизија: Торонто – 23 победи, 8 порази
Централна дивизија: Милвоки – 19/9
Југоисточна дивизија: Шарлот – 14/14

Западна конференција

Северозападна дивизија: Денвер – 19/9
Пацифик дивизија: Голден Стејт – 20/10
Југозападна дивизија: Мемфис – 16/12.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.