Торонто поведе во финалето на НБА

Кошаркарите на Торонто Рапторс ја победија во Окленд екипата на Голден Стејт Вориорс со 123:108, и поведа со 2-1 во финалната серија од плеј-офот во НБА лигата.

Рапторс имаа водство на крајот од секоја четвртина, а нивната ѕвезда Каваи Леонард беше предводник на тимот со 30 коша и седум скокови. Стефан Кари, пак, беше најистакнатиот играш на домашните Вориорс со 47 погодоци.

Четвртиот меч повторно ќе се игра во „Оракл Арена“ во Окленд, ноќта кон саботата, во 3 часот утрото по средноевропско време. Потоа финалната серија до четири победи се сели во Торонот, каде што на 11-ти јуни ќе биде одигран петтиот натпревар.