Торонто со четврта победа во низа на турнејата по Западот

Кошаркарите на актуелниот НБА првак Торонто Репторс со победата од 101:92 на гостувањето кај Јута Џез ја остварија четвртата последователна победа по минитурнејата по Западниот брег.

Играчите на Јута имаа очајна шутерска вечер, во која играчите од почетната петорја имаа процент од само 33,3 отсто, односно 17 погодоци од 51 обид. Сепак, и покрај тоа, Јута на 5,48 минути до крајот имаа предноста од 87:85, но Торонто дуелот го заврши со серија 16:5. Со тоа Рапторс низата од пет последователни гостувања ја завршија со соодносот 4-1, и се сигурини на второто место на Источната конференција со соодносто победи и порази 46-18, а на врвот се Милвоки Бакс со сооднос 53-12, додека третите Бостон Селтикс имаат 42-21.

Канадскиот тим до победата го предводеа Серж Ибака со 27 коша и 13 скокови и Паскал Сиакам со 27 поени, 11 скокови и 8 аосистенции. Единствениот расположен кај Јута беа Џо Инглес кој влегувајќи од клупата постигна 20 коша со шут 8 од 12 обида.

Јута Џез, во компбинацијата со домашната победа од 109:95 на Денверн Нагетс против Милвоки Бакс го зголеми заостатокот зад Денвер во борбата за првото место во Северозападната дивизија на два натпревара. Нагетс се водечки во оваа групација со 43-21, а Џез се втори со 41-23. Овие два тима ги држат третот и четвртото место во Западната конференција, зад водечкиот тандем на екипите од Лос Анџелес, Лејкерс кои имаат сооднос 39-13 и Клиперс со 43-20.

Нагетс им го нанесоа третиот последователн пораз на Бакс кои втор меч по ред играа без својот најдобар играч Јанис Антетокунмпо кој минатата седмица го повреди коленото во дуелот со Лејкерс. И покрај тоа, Бакс пружија добар отпор и на три минути пред крајот имаа заостанување од само 91:96. Но тогаш Никола Јокиќ погоди „тројка“ која го прекрши мечот. Најефикасен кај домашните беа Џамал Мареј со 21 кош и Пол Милсап со 20 коша и 10 скоковои, додека стрелците на гостите ги водеше Кајл Корвер со 23 поени.

Во третиот меч одигран во понеделникот ноќта Атланта Хоукс на свој терен ги совладаа Шарлот Хорнетс со 143:138 по две продолжение. Три Јанг со 31 кош и 16 асистенции и Џон Колинс со 28 коша и 11 скокови, беа најдобри кај домашните, додека на гостите не им беа доволни ниту 40-те коша на Тери Розиер и 27-те погодоци со 10 асисетнции на Деновнт Греам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.