Тошковски: Дали СДСМ со неуставниот обид за свикување на самораспуштено Собрание всушност сака да ги одложи изборите?

Адвокатот Панче Тошковски преку статус на Фејсбук прашува дали СДСМ со неуставниот обид за свикување на самораспуштено Собрание всушност сака да ги одложи изборите?

-Дали СДСМ со неуставниот обид за свикување на самораспуштено Собрание всушност сака да ги одложи изборите?
Колку е уставен и законит обидот за повторно активирање на Собранието, навистина мислам дека е досадно да се напоменува секојдневно, особено кога скоро сите експерти од областа ќе го истакнат истото повеќепати.
Факт е дека повеќе од половината донесени уредби со законска сила од страна на Владата во оваа вонредна состојба немаат никаква врска со COVID-19, туку еве на пример со исплата на заостанати плати на вработени во непостоечка институција (СЈО) и вака на прв поглед можеби држи тезата дека СДСМ сака овие незаконски одлуки да проба да ги помине уште сега и дека токму заради тоа сакале да го воскреснат самораспуштеното Собрание.
Но сепак мое мислење е дека зајакот не лежи баш во оваа дупка туку е скриен во некоја другаи тоа малку подлабоко!
Интересни се тезите кои СДСМ пробува да ги наметне како чаршиски муабети дека тие сакаат брзи избори, затоа што економските мерки на Владата за време на вонредната состојба биле одлични, Филипче бил топ, а рејтингот нивни бил врв.
Е сега сите многу добро знаеме каков ефект имаат економските мерки, колку Филипче е топ ( и покрај тоа што морам да признаам дека човекот го бива за портпарол, смирен, сталожен, без посебна гестикулација со раце или фацијална експресија кога лаже, тоа нема збор), а пак за рејтингот на СДСМ навистина не сакам да губам време воопшто.
Можеби грешам ќе каже времето но навистина ми нема никаква логика да се воскреснува собранискиот состав кој и ги нанесе најголемите штети во историјата на мајка Македонија (со чесни исклучоци на пратениците кои не се продадоа или пак не потклекнаа на рекет уцени и закани)
Ова е само обид да се прикаже под превезот на јакнење на демократските капацитети на едно општество со враќање на пратениците во Собранието, дека СДСМ е партија која и мисли добро на Македонија и ги враќа назад пратениците во Собрание.
Но тоа се пратеници кои самите го вратиле мандатот на граѓаните и немаат никаков легитимитет да бараат да се вратат.
Жално е и по 29 години постоење на СДСМ да не сфатат дека легитимитетот се црпи од народот а не од политичарите!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

„Дали СДСМ со неуставниот обид за свикување на самораспуштено Собрание всушност сака да ги одложи изборите?Колку е…

Gepostet von Pance Toskovski am Samstag, 25. April 2020