Уапсени се 4 лица за инциденти со македонското знаме

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 4 лица, меѓу кои еден малолетник.

-Во текот на вчерашниот ден, се случија одредени настани, беа насочени кон достоинството ма македонските граѓани. Вакви дејствија на поедини групи во Скопје не се дозволиви. МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид на дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи, а некои делумно. Уапсени се 8 лица од страна на полицијата. Четири лица, меѓу кои и малолетник, за сквернарење на македонското знаме, информираше министерот Тошковски.