Тотенхем ја надигра Астон Вила

Во заостанатиот дуел од 18-то коло на англиското фудбалско првенство, Тотенхем во неделата како гостин со 2:0 ја совлада Астон Виола.

Три дена по сензационалната елиминација во Лига Европа од загрепски Динамо, тимот на Жозе Мурињо, собра сили за триумф до кој дојде со погодоците на Карлос Винисиус во 29 и на Кари Кејн во 69 миута од пенал.

Тотенхем сега е шести на табелата со 48 бодови, додека Астон Вила со 41 бод остана на десеттото место.