Тотенхем ја прекина серијата без победа, Лестер испушти уште една шанса

Во средбата од 31-то коло на англиското фудбалско првенство Тотенхем со 2:0 го победи Вест Хем Јунајтед, додека во вториот денешен меч Лестер Сити у Брајтон енд Хоув Албиот одиграа без голови.

„Спарс“ доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено ги освоија трите бода, истовремено прекинувајќи ја низата од четири првенствени натпревари без победа.

Тотнхем дојде во водство во 64 минута го автоголот на чешкиот халф на „Чеканите“, Томаш Соучек, незграпно сместувајќи ја топката зад грбот на Лукаш Фабијански. Вест Хем можеше да израмни во 78 минута, но Џерод Браун ја погоди стативата. Сите дилеми околу победникот ги разреши Хари Кејн во 82 минута, кој го одигра вториот меч откако во јануари го скина мускулот и беше потвргнат на операција. Ова беше неговиот 12-ти првенствен погодок сезонава, и вкупно 30-ти гол во средбите против лондонските клубови. Во оваа категорија Кејн е на летвртото место зад Теди Шерингем и Франк Лампар кои имаат по 32 погодока, а далеку напред е Тиери Анри со 43 погодоци.

Тотенхем е моментално седми со 45 бодови, само бод повеќе од Шефилд Јунајтед и три од Кристал Палас кои имаат по натпревар помалку. Вест Хем, пак, е во опасната зона, 17-ти е со 27 водови а зад него се Борнмут со ист број бодови и Астон Вила со бод помалку но и меч помалку.

Претходно во првиот меч од 31-то коло Лестер Сити и Брајтон одиграа без голови. Домашните така пропуштија уште една шанса да се зацврстат на третото место на табелата кое води во Лигата на шампионите. Во последните седум лигаши кола „Лисиците“ остварија само една победа, над Астон Вила со 4:0 на почетокот од март, но за нивна среќа боту главните конкуренти за пласманот во Лигата на шампионите не брилјираат. Покрај тоа, Лестер може да биде среќен што денеска освои и бод, откако гостите во 14 минута имаа пенал, но Каспер Шмајкл го одбрани ударот на Нил Маупај.

Лестер е трет со 55 бодови осум помалку од второпласираниот Манчестер Сити а дури 28 помалку од водечкиот Ливерпул, но има и четири бодови повеќе од четвртиот Чекзи кој има меч помалку. Астон Вила е претпоследна со 26 бодови, два помалку од безбедната зона.