Tотенхем ја прекина серијата на Вулверхемптон без пораз, Сити го стивна Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Сити со убедливи 3:0 го победија Арсенал на гостувањето во Лондон во дербито на 17-то коло на англиското првенст впо и го намалија заостанувањето зад второпласираниот Лестер на четири бода.

Уште во 2 минута белгискиот интернациоланец Кевин Др Брујне ја затресе мрежата на Арсенал. На 2:0 зголеми Рахим Стерлинг во 15 минута, а Де Брујне со својот втор погодок вечерва во 40 минута го постави, како што се покажа подоцна, конечниот резултат. Фудбалерите на Аресенал можат да бидат задоволни што не доживеаја многу поубедлив пораз во дуелот во кој упатија само еден удар во рамките на противничкиот гол.

Водечкиот Ливерпул има 49 бодови, десет повеќе од второпласираниот Лестер, Манчестер Сити е трет со 35 бодови, а Челзи е четврти со 29 бодови.

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа како гостин Вулвехемптон со 2:1 со што ја прекинаа серијата на Волвс од 11 натпревари во Премиер лигата без пораз, додека Манчестер Јунејтед и покрај голамата доминација извлече само бод на својот „Олд Трафорд“ одигрувајќи 1:1 против Евертон.

Тотенхем поведе во 8 минута по индивидуалната акција и силниот шут на Ликас Моура во шеснесетникот. Траоре погоди во 67 минута за 1:1. Новата екипа на Жозе Мурињао до седмата победа во англиското првенство стаса благодарејќи на погодокот на Вертонхен во првата минута од судиското продолжение, со глава од 12 метри по нафрлувањето на Ериксен.

Тотенхем дојде до петтото место на табелата со 26 бодови, додека Вулверхемтон е осми со 24 бодови.

Во Манчестер сите статистички податоци беа на страна на Јунајтед, освен конечниот резултат. Евертон дојде во водство во 36 минута, кога топката го погоди домашниот голман Лиделоф по нафрлување од корнер и заврши во мрежата на неговиот тим. Сѐ до 77 минута „Црвените ѓаволи“ беа во резултатско заостанувње, а тогаш за конечните 1:1 погоди 18-годишниот Мејсон Гринвуд со прецизен удар од 17 метри.

Менестер Јунајтед е шести на табелата со 25 бодови, а Евертон е 16-ти со 18 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.

Колото во понеделник го затвораат Кристал Палас и Брајтон.