Тотенхем елиминиран од ФА купот: Мурињо вели се беше како игра на „мачка и глушец“

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, даде интересен коментар за играта на неговиот тим по поразот од Евертон (4:5 по продолженија) синоќа во финалето на осминафиналето од ФА купот.

– Јас сум и задоволен и незадоволен од натпреварот. Работевме добро со топката, создадовме шанси, погодивме, покажавме карактер. Проблемот е во тоа што напаѓачкиот фудбал носи победа кога тимот не прави повеќе грешки отколку што создава. Постигнавме четири гола и тоа не беше доволно. Сè беше како игра на „мачка и глушец“. Глувчето беше нашите грешке, а фудбалерите, како мачки, се обидоа да се ослободат од нив, го цитира „Goal“ Мурињо.

Покрај Евертон пласман помеѓу осумте најдобри досега изборија уште и: Борнмут, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Шефилд јунајтед и Лестер.