Тотенхем го победи Арсенал во дербито на северен Лондон, Лестер демонтиран кај Борнмут

Фудбалерите на Тотенхем со 2:1 го победија Арсенал во неделниот натпревар на 35-то коло од англиското првенство, и го прескокнаа на табелата својот голем ривал до северен Лондон.

Поведе Арсенал со одличниот погодок на Александр Лаказет во 16 минута, кога францускиот играч со силен удар од повеќе од 20 метри го погоди самиот горен десен агол од голот на немоќниот Љорис. Меѓутоа, предноста на „Топчиите“ не траеше долго, само три минути подоцна Сонг Хин Мин го искористи недоразбирањето на Колашинац и Давид Луиз, дојде до топката и потоа рутинерски го совлада Мартинез. Победата на Тотенхем му ја обезбеди стоперот Тоби Алдервирелд кој во 81 минута беше највисок во скокот пред голот на Арсенал по нафрлувањето од корнер од Сонг.

Тотенхем не е поразен во последните три кола и со 52 бода сега е на осмата позиција на табелата, и го остави позиција зад себе со 50 бодови Арсенал кој ја прекина серијата од четири меча без пораз. Во следното коло тимот на Жозе Мурињо на 15-ти јули му гостува на Њукасл, а Арсенал истиот ден е домаќин на Ливерпул.

Во последниот натпревар во неделата Фудалерите на Бонрмут ги задржаа шансите за опстанок во Премиер лигата, со високата победа од 4:1 над Лестер остварена во второто полувреме.

Гостите од Лестер поведоа во 23 минута преку Џејми Варди кој ја искористи ноншалантноста на Келијата и таа предност ја оддржуваа до средината на второто полувреме. Прво по лошиот дегажман на Шмајке, Вилсон избори пенал кој во 66 минута го реализираше Станислас, а веќе во 67 минута Соланке направи пресврт и го доведе Борнмут во водство. Набрзо стоперот на Лестер, Сојунчу поради удирање на Соланке заработи црвен картон. Во самиот финиш домашните ја искористија бројната надмоќ и со автоголот на Еванс во 83 и со вториот гол на Соланке во 87 минута дојде до убедливата победа.

Борнмут и натаму е во зона на испаѓањето, 18-ти е со 31 бод, три помалку од 16-от Вест Хем и 17-от Вотфорд, а еден повеќе од 19-та Астон Вила. Лестер, пак, е четврт со 59 бодови, еден повеќе од петтиот Манчестер Јунајтед кој во понеделник го игра мечот од ова коло на домашен терен со Саутемптон.

Претходно во неделата Вулверхемптон на домашен терен го совлада Евертон со 3:0 и се проби на шестото место и го делат чеири бодови од позицијата која води во Лигата на шампионите. За „Волфс“ стрелци беа Раул Хименез од пенал во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, Леандер Денонкер во 46 и Диого Џота во 74 минута. Евертон е 11-ти со 45 бодови.

Фудбалерите на Астон Вила со домашната победа од 2:0 над Кристал Палас ги задржаа шансите за опстанок во Премиер лигата. За првата победа на Вила по десет натпревари, односно од 28-ми јануарри најзаслужен е египетскиот напаѓач Махмуд Хасан попознат како Трезеге кој ги постигна двата двата погодока, првиот во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а вториот во 59 минута.

Со овие три бода Астон Вила на три кола до крајот е на 18-то место со 30 бодови, четири помалку од 16-от Вест Хем и 17-от Вотфорд, кои се на последните две места кои осигуруваат опстанок. Кристал Палас е сигурен 14-ти со 42 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.