Тотенхем го продолжи договорот со Алдервирелд

Премиерлигашот Тотенхем на својата официјална веб-страница објави обновување на договорот со дефанзивецот Тоби Алдервирелд.

Спарс ја активираше соодветната клаузула во сегашниот договор со 29 годишниот белгиски фудбалер.

Сега договорот со Алдервирелд има важност до летото 2020 година.

Тој е во Тотенхем од 2015 година, а оваа сезона Белгиецот одигра 26 натпревари за лондонскиот тим.