Тотенхем и Њукасл одат натаму во ФА купот

Фудбалерите на Тотенхем се пласираа во четвртото коло од англискиот ФА Куп, откако дома ги совладаа со 2:1 второлигашот Мидлсборо во повторениот меч од третото коло.

Тотенхем дојде многу рано во солидна предност со головите на Ло Селсо во 2 и Ламела во 15 минута, а Мидлсборо успеа да го ублажи поразот дури во 83 минуа прели Савиља. Во ечтвртокот коло Тотемхем ќе му гостува на Саутемптон.

И Њукасл Јунајтед беше успешен во повторениот дуел второлигашто Рочдејл со 4:1. Головите за домашните ги постигнаа О’Конел во 17 минута автогол, Лонгстаф во 20, Алмирон во 26 и Џоелтон во 82 минута, додека за госите две минути подоцна намали Алан. Следниот ривал на Њукасл ќе биде уште еден нисколигаш – Оксфорд Јунајтед.

Пласманот во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување на светот во вторникот изборите и Шрезбери Таун кој со 1:0 го победи Бристол Сити, Ковентри Сити со 3:0 бепе подобрар од БРистол Роверс и Рединк со 2:0 на гости беше подобар од Блеклуп, додека натпреварот Транмере Роверс – Вотфорад беше одложен поради поплавениот терен.

Во среда повторените натпревари од третото коло ќе ги играат Манчестер Јунајтед – Вулверхемптон и Карлајлс Јунајтед – Кардиф Сити.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.