Тотенхем испушти предност од три гола, Астон Вила по 90 години ја почна сезоната со четири победи

300

Фудбалерит на Астон Вила во последниот неделен натпревар од четвртото коло од англиското првенство ја продолжија победничката низа и четвртата победа на почетокот од првенството откако на својот стадион „Кинг Пауер“ го совлада Лестер Сити со 1:0.

Последен пат Астон Вила ја отворила сезоната во националното првенство со четири последователни победи уште во дамнешната 1930 година. Екипата од Бирмингем во првото коло го победи Шефилд Јунајтед со 1:0, потоа на гостувљањето го доби Фулам со 3:0, па го демонтираше дома актуелниот шампионот Ливерпул со 7:2, а сега славњеше врз последените сезони еден од подобрите тимови во Премиер лигата, Лестер Сити со 1:0.

Скромната претстава на „Кинг Пауер“ без многу изгледни можности за погодок и возбудувањеа, ја реши голот на Рос Баркли во првата минута од судиското продолжување на натпреварот со убав удар од повеќе од 20 метри.

Астон Вила ги има максималните 12 бодови од четирите кола и е втора на табелата зад Евертон кој има бод повеќе од пет кола, а два бода повеќе од третиот Ливерпул. Лестер остана на 9 бодови и на четвртото место.

Фудбалерите на Тотенхем испуштија предност од три погодоката која ја имаа веќе во 16 минута од дуелот со Вест Хем Јунајтед, кога се чинеше дека рутински ќе дојдат до победата и ќе се искачат на второто место на табелата. Ваквата предност екипата на Жозе Мурињо ја имаше сѐ до 82 минута, но во самата завршница прими три гола за неверојатното враќање на „Чеканите“. Ова е првпат екипа во Премиер лигата да успее да избегне пораз, откако до 82 минута имала резултатско заостанување од 0:3.

Домашните поведоа уште во првата минута преку Кореецот Сон Хеунг Мин на асистенција на Хари Кејн, кој веќе во осмата минута го удвои водството а во 16 минута повторно беше стрелец за 3:0. Меѓутоа, гостите немаа намера да се предадат, и во 82 минута намали Фабијан Балбуена, а три минити подоцна колумбискиот бек Давинсон Санчез ја затресе сопствената мрежа и намали на 3:2, за во четвртата минута од судиското продолжение Мануел Ланзини со удар од повеќе од 25 метри да го погоди самиот горен агол од голот на домашните.

Во 72 минута во игра на местото од Холанѓанецот Стивен Бергвејнд влезе Гарет Бејл, кој за Тотенхем настапи првпат од мај 2013 година кога мина во Реал Мадрид.

Тотенхем не успеа да направи пробив кон врвот на табелата, и остана на шестата позиција со 8 бодови, додека Вест Хем е две места подолу на табелата со бод помалку.

Во првите два неделни натпревара немаше победник, а и двата завршија со резултат 1:1.

Фулам поведе на гости во 77 минута со голот на Адемола Лукман во 77 минута но бод за Шефилд спаси Били Шарп кој во 85 минута реализираше пенал. И за Шефилд Јунајтед и за Фулам ова беше првиот освоен бод во петте кола, но Шефилд поради подобрата гол-разлика е 17-ти, а Фулам е на претпоследното 19-то место. Меѓу нив е Вест Бромвич Албион кој има одиграно четири кола.

Без победник одиграа и Кристал Палас и Брајтон. Домашните поведоа во 19 минута од белата точка преку Вилфред Заха, а гостите освоија бод во 90 минута кога погоди Алексис Мек Алистер. Во судиското продолжение кај гостите „поцрвене“ Луис Данк. Кристал Палас со седум бодови е 13-ти, а Брајтон е 16-ти со четири бодови.

Колото во понеделник ќе го заокружат дуелите Вест Бромвил Албион – Барнли и Лидс Јунајтерд – Вулверхемптон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.