„Тотенхем“ ќе му ја одреди судбината на Вaлверде

Уште осум натпревари се денеска на програмата од вториот круг од Лигата на шампиони, овој пат во групите А, Б,Ц и Д, а дербито на колото е во Тотенхем каде домашниот тим ја пречекува „Барселона“.

Во новиот термин од 18.55 часот се играат натпреварите од групите Ц и Д . Во Париз на ПСЖ му гостува дебитантот „Црвена Ѕвезда“, а во Москва „Локомотив го пречекува „Шалке“. Парижаните се апсолутни фаворити против гостите од Белград, кои во дебито ремизираа со „Наполи“. Русите, пак, убедливо изгубија во Истанбул од „Галатасарај“ па шансата за победа ќе ја бараат против Германците кои ремизираа дома со „Порто“.

Во терминот од 21 часот се играат останатите натпревари.

Каталонците се во лош ритам и се без победа во три меча во Примера, па сериозно е загрозена позицијата на тренерот Ернесто Вaлверде, а нарушени се односите меѓу Меси и Пике. Од друга страна, „Тотехнхем“ по слабиот старт во Премиер лигата се врати во игра со неколку победи. Во другиот меч од групата Б во Ајндховен, ПСВ го пречекува „Интер“. Италијанците во првото коло беа подобри од „Тотенхем“ со 2:1, а Холанѓаните загубија во Барселона со 4:0.

Во групата А во Мадрид играат „Атлетико“ и „Бриж“, а во Дортмунд „Борусија“ го пречекува „Монако“. Домаќините се фаворити, особено што слаевеа на гостувањата. „Атлетико“ беше подобар од „Монако“ со 1:2, а „Борусија“ славеше со 0:1.

Интересен натпревар се очекува во Неапол, каде „Наполи“ против „Ливерпул“ ќе се обиде да се извади по кискот во Белград. Минатогодишниот финалист на ЛШ, пак, во првото коло заслуќено го победи ПСЖ со 3:2 и влегува како фаворит во натпреварот.

Во групата Д, „Порто“ го пречекува „Галатасарај“.