Тотенхем лесно против осмолигаш во ФА Купот, со неколку куриозитети

Фудбалерите на Тотенхем постигнаа рутинска победа во третото коло од англискиот ФА Куп победувајќи го на гостувањето осмолигашот Марин со 5:0.

Ова беше најважниот натпревар во 127-годишната историја на аматерискиот нисколигаш од Крозби, град на десетина километри северно од Ливерпул. За жал, овој историски момент мина без гледачи, затоа што поради епидемиолошката сутуација во земјата на гледачите им беше забрането присуството на „The Marine Travel Arenа“.

Интересно е што овој меч го одбележа и најголемата разлика на табелите меѓу клубовите во историјата на ФА Купот кој е инаку најстарото фудбалско натпреварување на светот кое се одржува од сезоната 1871 година. Имено Тотенхем и Марин се оддалечени дури 160 позици на вечната табела на англиските клубови.

Момент за историјата на ФА Купот беше и погодокот на Алфи Девајн кој со 16 години и 162 денови стана најмладиот играч од клубовите од Football League или сегашната Premier League кој постигнал погодок во ова натпреварување по Џорџ Вилијамс кој во дресот на Донк пред девет години постигна погодок со 16 години и 66 дена.

Тотенхем како на полесен тренинг постигна пет голови, а четири од нив постигна во интервалот од 24 до 37 минута. Троен стрелец беше Карлос Винисиус во 24, 30 и 37 минута, Лукас Моура во 32 и Алфи Девајн во 60 минута.

„Среќен сум, мислам дека момците професионално ја одработија работата. Имаа позитивен став и играа сериозно“, изјави за BBC Sports. по мечот тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Во четвртото коло од купот се пласираше во неделата вечерта и Челтнем Таун кој во продолженијата со 2:1 го совлада Мансфилд Таун.