Тотенхем минимално го совлада Барнли, ВБА сѐ уште без победа

Фудбалерите на Тотенхем во последниот натпревар од шестото коло од англиската премир Лига минимално со 1:0 славеа на гостувањето кај Барнли, додека Вест Бромвич Албион и по шест натпревари не успеа да оствари првенствена победа.

Победничкиот погодок за Тотенхем го постигна водечкиот стреле на лигата, Кореецот Сон Хуенг-мин во 76 минута.

Ова беше осми погодок на Сон сезонава и во моментов е водечки стрелец во Премиер лигата. Интересно, за погодокот асистент беше Хари Кејн, за кого оваа е веќе осма асистенција сезоната наспроти вкупно пет минатата година, а во шесте кола има постигнато и пет погодоци.

Тотенхем сега има 11 бодови со кои е на петтата позиција на табелата, додека Барнли има само еден бод и поради подобрата гол-разлика е на 18-то место.

Претходно во понеделникот Вест Бромвич Албион и по шестото коло сѐ уште нема остварено првенствена победа откако на гостувањето кај Брајтон енд Хоув Албион одигра 1:1, што е трето реми, израмнувајќи во самиот финиш.

Брајтон поведе во 40 минута со автоголот на Џејкр Ливермор. Бранислав Ивановиќ се обиде да исфрли една опасна топка пред голот, но го погоди Ливермор од кога топката се одби во мрежата. ВБА имаше шанса да израмни во 76 минута, но Матеус Переира не искористи одлична шанса, откако од полудистанца ја погоди левата статива од противничкиот гол. Сепак, гостите израмнија во 83 минута со голот на Карлан Ахеарн-Грант.

По шесте кола ВБА се наоѓа на 17-то место со три бода, два повеќе од Барнли, Шефилд Јунајтед и Фулам. Брајтон, е 16-ти со пет бодови.