Тотенхем на Манчестер Сити, Барселона против Манчестер Јунајтед во ЛШ

Бидејќи англискиот фудбал по долги години дури со четири претставници беше застапен во ждребот за четвртфиналето од Лигата на шампионите, беше очекувано дека ќе има еден островски дуел, а во петокот во Нион беа извлечени и двојките за полуфиналето од истото натпреварување.

Младиот и полетен Ајакс ќе се соочи со амбициозниот Јувентус предводен од Кристијано Роналдо.

Ливерпул, се чини, ќе има помалку тешка задача во двобојот со Порто, тим кој истот така ја освојувал титулата во најелитното натпреварување и секогаш може да изненади.

Моментално третопласираниот тим во англиската Премиер лига, Тотенхем во првиот меч ќе му биде домаќин на актуелниот шампион и моментално водечки Манчестер Сити.

Вториот клуб од Манчестер, Јунајтед, пак, ќе се соочи со едена од најголемите фаворити за годинешната титула Барселона.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9-ти и 10-ти април, а реваншите се на 16-ти и 17-ти април.

Веднаш потоа во куќата на фудбалот во Нион беше одржан и ждребот за полуфиналните двојки кои првите натпревари ќе се играат на 30-ти април и на 1-ви мај, а реваншите се на 7-ми и 8-ми април.

Полуфинале.

Тотенхем/ Манчестер Сити – Ајакс/ Јувентус

Манчестер Јунајтед/ Барселона – Ливепрул/ Порто.