Тотенхем останува без Деле Али

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, нема да биде во комбинација за првите натпревари од новата сезона во англиската Премиер лига која стартува на 9. август. Репрезентативецот на Англија повторно го повреди задниот дел од бутот. Ова е четврта ваква негова повреда за две години.

Не верувам дека Деле ќе може да се рехабилитира до почетокот на сезоната. Загрижени сме поради ваквата ситуација. Тој има само 23 години, а доживеа толку многу слични повреди последниве години, изјави за „Гардијан“, менаџерот на „петлите“, Маурисио Покетино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.