Тотенхем подобар до Реал Мадрид

Фудбалерите на Тотенхем изборија пласман во финалето на Ауди Купот во Минхен, откако го победија Реал Мадрид со 1:0, а впо другиот полуфинален меч се среќаваат Баерн и Фенербахче.

Решавачкиот погодок го постигна Хари Кејн во 22 минита по големата грешка на реаловиот одбранбен двоец Марсело и Серхио Рамос. Тотенхем можеше и поубедливо да слави. Англичаните имаа низа одлични шанси, но Кејлор Навас беше расположен.

Ова е четвртиот натпревар на „Кралскиот клуб“ во текот на подготовките за новата сезона, а екипата на Зинедин Зидан сѐ уште нема ниедна победа.

Пред неколку дена Реал доживеа дебакл во дуелот со градскиот ривал Атлетико со 3:7, сепак избегнувајќи во финишот уште поубедлива катастрофа. Пред десет дена Реал со 1:3 беше поразен и од минхенски Баерн, а средбата со Арсенал заврши 2:2.