Тотенхем подобар од Челзи

Фудбалерите на Тотенхем изборија пласман во четврфиналето од англискиот Лига куп во средбата од осминафиналето по изведувањето на пеналите откако беа подбри од Челзи со 5:4, а во трегиларниот тек мечот заврши 1:1.

Челзи поведе во 19 минута со голот на Германецот Тимо Вернер со удар од работ на шеснаесетникот. Ова беше неговиот прв погодок во дресот на Челзи откако летово дојде од редовите на РБ Лајпциг.

Тотенхем можеше да израмни во 50 минута кога Серхио Регуљон се најде сам на сам со противничкиот голман, но Едуард Менди го одбрани неговиот удар. Сепак, Тотенхем во 84 минута израмни со голот на Аргентинецот Ерик Ламела. До крајот на мечот немаше голови, а според пропозициите немаше ниту продолжувања, туку прашањето на победникот веднаш се решаваше со ударите од белата точка.

При изведувањето на пеналите решавачка беше петтата серија, кога Кејн погоди а Моунт го промаши целиот гол. Претходно за Тотенхем погодија Диер, Ламела, Хојберг и Моура, а за Челзи стрелци беа Абрахам, Азпиликуета, Жоргињо и Емерсон.