Тотенхем прегазен, Боаш мува не го лази

И покрај катастрофалниот пораз од 5:0, менаџерот на Тотенхем, Андре Вилјаш Боаш, по натпреварот со Ливерпул изјави дека нема да понесе оставка и додаде дека има време за да неговиот тим се врати на победничката патека.

„Нема да понесам оставка, јас не се предавам без борба. Знам дека ова е неприфатли резултат за сите нас, а знам и дека најразочарани се најверните фанови. Игравме против Ливерпул кој заслужено е во врвот од табелата. Јас имам за задача да изградам еден силен тим и можам да кажам дека сум задоволен од играта и ефектот на новите засилувања. Сите го имаат потребниот квалитет за да го носат дресот на Тотенхем. Има време, можеме да се вратиме на победничката патека”, изјави младиот португалски стручњак.

Најпосле, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја прекинаа серијата од негативни резултати, а убедливиот триумф од 3:0 во дуелот со екипата на Астон Вила е знак дека полека но сигурно актуелниот шампион се врака во трката по шампионската титула.

Резултати: Астон Вила – Манчестер Ј. 0:3, Норвич – Свонси 1:1, Тотенхем – Ливерпул 0:5.