Тотенхем се ослободува од скапо платениот Ламела

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина е последниот клуб кој покажа интерес за аргентинскиот интернационалец од редовите на лондонскио премиерлигаш Тотенхем, Ерик Ламела.
Најскапата аквизиција во клупската историја на популарните “петли”, од Рома беше купен за 30 мил. евра, се уште ги нема оправдано големите очекувања и најчесто натпреварите ги започнува од клупата за резервни фудбалери.
Челниците на италијанскиот калчолигаш во следните неколку дена ќе испратат официјална понуда за 6-месечна позајмица со опција на крајот од сезоната да биде откупен договорот на 21-годишниот крилен напаѓач за околу 25 мил. евра.
Освен “виолетовите”, понуда за позајмица најавија и раководните лица на шпанскиот прволигаш Атлетико (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.