Тотенхем си доби новогодишен подарок на Олд Трафорд

Најинтересниот натпревар од премиерното во новата 2014 година, а вкупно 20. коло од англиската Премиер лига, дуелот на “Олд Трафорд”, помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем заврши со минимален триумф на гостинот од 2:1.

За разлика од “црвените ѓаволи”, Арсенал ја искористи предноста на домашниот терен, но со многу среќа успеа да забележи сигурен триумф од 2:0 во дуелот со новајлијата во елитното друштво, екипата на Кардиф.

Убедлива победа од 3:0 на гостувањето во Саутемптон забележа тимот на Чезли, а фудбалерите на Манчестер Сити со 3:1 славеа на гостувањето во Свонси.

Резултати: Свонси – Манчестер С. 1:3, Арсенал – Кардиф 2:0, Кристал Палас – Норвич 1:1, Фулам – Вест Хем 2:1, Ливерпул – Хал 2:0, Саутемптон – Челзи 0:3, Стоук – Евертон 1:1, Сандерленд – Астон Вила 0:1, ВБА – Њукасл 1:0, Манчестер Ј. – Тотенхем.