„Тотенхем“ со минимална победа се искачи на третото место

Фудбалерите на „Тотенхам“ минимално славеа на домашен терен против „Кардиф“ со 1:0 и се искачија на третото место од табелата на Премиер лигата по осум одиграни натпревари.

„Спарси“ со тешки маки славеа против дебитантот во лигата, кој од 58 минути остана со играч помалце поради црвен картон. Голот за победа го постигна Ерик Диер во деветтата минута, па сега „Тотенхем“ има еден бод помалку од водечките „Ливерпул“ и „Манчестер Сити“ кои играат еден против друг во утрешното дерби на Премиер лигата.

По одличниот старт во лигата, „Ватфорд“ на домашен терен беше поразен од „Бурнемаут“ со 0:4. „Ватфорд“ од 33 минута играше без исклучени Кабаселе, што го искористија гостите. Тие постигнаа четири гола, од кои Кинг даде два, па „Бурнемоут“ со победата се искачија на петтото место.

„Евертон“ славеше со 1:2 кај „Лестер“ благодарение на одличниот гол на Сигурдсон во 77 минута. Гостите дојдо во водство преку Ричарлисон во седмата минута, а изедначи Пареира на пет минути пред крајот на полувремето. И на овој натревар имаше исклучен фудбалер, па откако останаа без Морган, домаќините не успеаја да го сочуваат резултатот од полувремето.

Во другите натпревари „Вулверхемптон“ славеше со 1:0 против „Кристал Палас“, а „Барнли“ и „Хадерсфилд“ одиграа 1:1.