Тотенхем со пресврт до стартната победа во Премиер

Тотнехем во последниот саботен натпреват од првото коло од новата сезона на англиското фудбалско првенство, со пресврт со 3:1 (0:1) ја победија Астон Вила, која по три години се врати во Премиер лигата.

Астон Вила поведе уште во 9 минута со голот на Џон Мекгин, а играчите на Тотенхем до крајот на првиот дел не успеаја ја постигнат погодок и покрај огромната доминација. Но во второто полуврме Спарс во 73 минута израмнија преку Тангуи Н’Домбеле, најскапото засилување во историјата на клубот, која ова лето дојде од француски Лион за 65 милиони евра. Хари Кејн кој во првите 45 минути пружи бледа партија, во второто полувреме беше двоен стрелец во 86 и 90 минута.

Претходно во петокот Ливерпул дома го совлада Норич со 4:1, а во саботата беа постигнати следните резултати: Вест Хем Јунајтед – Манчестер Сити 0:5, Вотфорд – Брајтон 0:3, Кристал Палас – Евертон 0:0, Барнли – Саутемптон 3:0 и Борнмут – Шефилд Јунајтед 1:1.

Во недела покрај првото големо дерби сезонава Манчестер Јунајтед – Челзи, се играат уште дуелите Лестер – Вулвехемптон и Њукасл – Арсенал.