Тотенхем убедлив против Лестер, Борнмут сѐ поблиски до втората лига

Фудбалерите на Тотенхем како домаќини во неделата беа супериорни во дуелот со Лестер и со двата погодока во три минути на својот најдобар стрелец славеше со 3:0.

Мечот започна лошо за гостите, откако уште во 6 минута сопствената мрежа ја затресе Џејсм Џастин, откако по шутот на Сон го промени правецот на топката и ги измами својот голман. Победата на Тотенхем ја потврди Хари Кејн со двата брзи погодока. Во 37 минута тој го искористи одличното проигрувања од Лукас, а во 40 минута погоди со извонредно прецизен удар од казнениот простор откосо од левата страна крај самата статива во спротивниот агол.

Тотенхем со 58 бодови привремено се проби на шестото место кое носи пласман во квалификациите за Лига Европа, а Лестер со 62 бода остнаа на четвртокот место, последното кое води во Лигата на Шампионите. Меѓутоа, Манчестер Јунајтед е на петтото место исто така со 62 бода и меч помалку. На Лестер му остана дуелот токму против Јунајтед во последното коло, а „Црвените ѓаволи“ имаа и меч од 37 коло во кој ќе бидат домаќини на Вест Хем.

Во првиот неделен меч од колото фудбалерите на Саутемптон со 2:0 славеа на гостувањето кај Саутемптон, со што домашната екипа ги загуби речиси сите шанси за опстанок во елитното натпреварување на англискиот фудбал.

Дени Ингс во 41 минута го постигна водечкиот погодок за Саутемптон, а нему во 59 минута домашниот голман Ремсдејл му одбрани пенал. Во судиското продолжение Борнмут постигна израмнувачки погодок, но по интервенција на ВАР-от голот беше поништен поради офсајд. Во осмата мунута од судиското продолжение Че Адамс го постигна конечниот резултат.

Со 49 бодови Саутемптон е на 11-то место, додека Борнмут остана на 31 бод и на 18-та позицја со три бода заостанување на Вотфорд кој го држи првото место над зоната на испаѓање. Покрај тоа, Вотфорд има и меч помалку.

Во понеделник на распоредот се мечевите Брајтон – Њукасл, Шефилд – Евертон и Вулверхемптон – Кристал Палас, во вторник се играат дуелите Вотфорд – Манчестер Сити и Астон Вила – Арсенал, а во сред Манчестер Јунајтед – Вест Хем и дербито на претпоследното коло Ливерпул – Челзи.