Тоти и фрли ракавица на старата дама

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти и понатаму е убеден дека неговиот тим може да му парира на сега веќе старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.
Дали е точна теоријата на поранешниот репрезентативец на Италија ќе дознаеме веќе во недела кога е на програма меѓусебниот дуел на “Олимпико”.

„Сите знаеме кој е новиот шампион на Италија, знаеме дека шампионатот не може да понуди нешто ново. Сепак, кога играат Рома и Јувентус, тоа не е само еден обичен натпревар. Подготвени сме за тој предизвик, одлучни сме да славиме во тој натпревар. Сакаме на сите да им покажеме дека нема некоја голема разлика помеѓу двата клуба. Рома може да му парира на Јуве, не се толку посилни од нас. Немам што друго да додадам кога е во прашање шампионската титула на Јувентус”, изјави принцот од Рим.