Товарно возило излета од пат кај Требеништа, возачот пренесен во болница

На 23.07.2021 година во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која, товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот.

Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди.