Товарно возило удри жена, со тешки повреди е пренесена во болница

На 05.01.2022 во 08.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Колешино, струмичко, товарно возило „цитроен џампер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(57) од с.Босилово, струмичко, удрило во Д.М.(79) од с.Колешино, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни поврди се здобила Д.М. констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.