Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

192

Пратеникот Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, која партија е дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“ мисли дека одлуката на ЛДП, која исто така е дел од коалицијата, нивните пратеници да дејствуваат самостојно е исправна и дека полека и другите партии ќе се двојат од коалициите, изјави тој за МКД.мк.

Според него, самостојното делување во парламентот на партиите ќе биде неминовен процес и во другата голема коалиција, таа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Самостојното делување во парламентот овозможува повеќе процедурални погодности. Во моментов пратениците се ограничени во поглед на барањето за процедурално обраќање, за барање на пауза на седниците, или пак се ограничени и во поглед на давање на реплика на говор на пратеник од коалицијата. Самостојното делување на пратениците од различни партии не мора да значи и ситнење на парламентарното мнозинство. Ваквите формални чекори, како што тоа го направи ЛДП, не мора да значат и паѓање на Влада во одреден момент, бидејќи тоа може да се случи и во услови на „цела” коалиција доколку се случат некои крупни настани, рече Трајанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.