Трајанов предлага Македонија да биде една изборна единица

21

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог-измените на Изборниот законик. Тој предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел, да нема изборен праг и пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

„Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата. Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и слично“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз. 

По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот законик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.