Трајанов: Се надевам дека Ковачевски не е и нема и натаму да биде заложник на водството на ДУИ

Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам, се вели во рекацијата на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

„Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на ‘комуникација’ и на ист начин можам да изјавам дека се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и натаму да биде заложник на водството на ДУИ.

Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, нагласува Трајанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.