Трајанов: Се предлагаат нови 70.000 државјанства, а престој ќе се докаже само со двајца сведоци

Не може во итна постапка, без јавна расправа и детална анализа, да се донесат законски измени за драстична измена на критериумите и условите при доделување на македонско државјанство, изјави за „Фокус“ пратаникот и лидер на владејачкиот Демократски сојуз Павле Трајанов.

Откако 7 пратеници на опозициските Алијансата за Албанците и Алтернатива предложија измена на Законот за државјанство, Трајанов реагира овој предлог предвидува да им се признае државјанство на над 70.000 грагани, кои, покрај друго, може да докажат дека имаат постојан престој со двајца сведоци.

-Се работи за законска материја која е регулирана и со меѓународни конвенции, сите држави имат ригиден пристап при признавање на статус на државјанин на одредена држава, при што секаде се барат идентични услови кои морат да се исполнат. Ваков закон прво треба да се носи во редовна постапка, потоа треба детална анализа од страна на Владата и јавна расправа, да се проценат ефектите од една таква операција, и што е најважно – дали навистина има 70.000 грагани кои се без државјанство, а кои пред осми септември 1991 година престојувале најмалку 8 години во Македонија, вели Трајанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.