Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински Брифинг“ зборуваше за обраќањето на Талат Џафери во Европскиот парламент кој се обрати на албански јазик и посочи дека секој политичар кој ќе излезе од Република Македонија и ќе зборува за меѓународната политика или на меѓународни настани треба да го користи македонскиот јазик, а Џафери треба да даде објаснување зошто се обратил на албански јазик.
„Уставот е многу јасен, член 7 од Уставот дефинира дека служебн јазик на целата територија на Република Македонија е македонскиот јазик , тој се користи во меѓународните односи и понатаму во истиот член се даваат отсапувања кога може да се користат јазиците на националностите кои се повеќе од 20%. Такво отстапување во однос на меѓународното претставување на државата не постои што значи дека согласно Уставот секој политичар кој ќе излезе од Република Македонија и ќе зборува за меѓународна политика или на меѓународни настани треба да го користи македонскиот јазик. Понатаму е лично прашање за претседателот Џафери зошто се обратил на албански јазик и се надевам ќе даде свое објаснување“, рече Трајанов.
Во текот на своето гостување пратеникот Трајанов ја коментираше и изјавата на португалската министерка во однос на македонскиот јазик и укажа дека дипломатијата треба да постапи на начин со кој ќе ја заштити Македонија.
„Повеќе години наназад ни се случуваат несакани работи во однос на националниот идентитет. Што се однесува до јазикот најпрво да поставиме како стојат работите. Во Уставот јасно е дефинирано дека официјален јазик на државата е македонскиот јазик и тоа треба да го почитуваат сите политичари кои се занимваат со политика, односно сите кои земаат плата од државата за да ги водат институциите и тука нема компромис, едноставно тоа е уставна категорија и тука сите треба да го браниме Уставот. Македонскит јазик е кодифициран 45та година во мај и тоа е сосема јасно направено согласно одлуките на АСНОМ, што се однесува до македонскиот јазик во Обединетите нации тоа е јасно признаен од 77 година и тука целата проблематика треба да се сведе на тоа дека македонскит јазик е посебен и има исто така своја историска генеза како сите останати јазици кои настанале и се активни јазици во моментот во светот, така да се што е отстапување од ова што е легалистичко, тоа што е Устав, закон и се она што е провокација во однос на македонскит јазик ние мораме јасно да го нотираме и да го потенцираме, а соодветно дипломатијата да постапи на начин на кој треба соодветно да постапи за да го заштити пред се Уставот, за да се заштити Република Македонија. Тука нема компромис, едноставно или сме Македонци или збориме македонски јазик и тоа ќе го браниме и тогаш ќе биде признаен македонскиот јазик и од негаторите на македонскиот јазик, во спротивно ние не смееме да дозволиме некој да си подигрува, да експериментира или да прави било какви обиди за менување на тоа што е реалност и суштина и во Македонија и во Обединетите нации“, додаде тој.