Трајанов: Со злоупотреба на ЕУ знаменцето се носат закони кои се маска за да се сокрие и маскира криминалот на власта

На денешната собраниска седница свое обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов која што истакна дека со злоупотреба на ЕУ знаменцето се носат закони кои се маска за да се сокрие и маскира криминалот на власта.

„Пред нас е кривичниот законик, морам да искоментирам факти се злоупотребува ЕУ знаменцето, но се злоупотребува и основот зошто се носи овој закон, затоа што со законот се прави маска. Проблемот е што сите членови од 2 до 31 со исклучок на еден два се однесуваат на оваа проблематика. Тоа значи дека ќе се казнуваат подметнување на шумски пожари, дека ќе се казнува со затвор намерно девастирање и деградирање на природата, намерно злоупотребување на минерални суровини на води и т.н. дека ова се уредува дополнително. Проблемот е што во завршни одредби член 38 се вели ова нема да важи. Ќе важи шест месеци откако државата ќе влезе во ЕУ. Ова е срамна маска која треба да ја голтне јавноста дека нешто се синхронизира со европската унија“ нагласи Трајанов.

Посочи и дека на Македонија ѝ се потребни закони кои ќе важат веднаш а не после неколку години за да се заштитиме од еколошките катастрофи.

„Нам ни требаат сега закони да си ја средиме екологијата, веднаш, не ни требаат после, во 2030 година. Скопје се гуши, Тетово се гуши, сите градови се гушат, од еколошки катастрофи и ние носиме уредби кои нема да важат, ќе важат некогаш и ова се носи за да се маскира криминалот“, посочи Трајанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.