Трајанов ветува дека нема да гласа уставните измени: Ковачевски ветуваше мнозинство за уставни измени, но го губи своето

Целата работа, од преговорите со Бугарија, преку наводното одбивање, а потоа прифаќање на истиот „Француски предлог“ со кој се превземаат обврски на штета на Македонија во текот на целиот преговарачки процес со ЕУ, владата ја тераше во тајност на своја глава без воопшто да консултира никого во државата иако се работеше за проблем од поголем интерес.

Премиерот Димитар Ковачевски како и други преставници на власта дури и за уставните измени во нивните изразуваа убеденост дека ќе се обезбедат 80 пратеници за да се промени уставот со цел вметнување на Бугарите во истиот. Некои одеа до таму, што даваа јавни изјави дека се преговара со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои давале позитивни сигнали дека би дале подршка за уставните измени.

На ваквото блефирање од страна на премиерот Ковачевски и останатите преставници на Владата му стави крај претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов кој истовремено е коалиционен партнер во Владата со вчерашната изјава во гостување во емисијата Само вистина, каде одговарајќи на прашањето дали би гласал за уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот устав без реципроцитет од страна на Бугарија, рече дека нема да подржи такво нешто.

Ваквата изјава на Трајанов јасно кажува дека Владата не само што нема мнозинство за уставни измени како што ветуваше Ковачевски, туку го губи и своето.

Инаку Павле Трајанов не гласаше ниту за заклучоците од францускиот предлог заедно со пратеникот Диме Велковски од СДСМ, што е уште една потврда и индикатор дека во власта проблемите околу ова прашање се подлабоки отколку што се преставуваат од премиерот Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.