Трајановски до Шилегов – Сѐ уште ја немате започнато Универзална сала што ја ветивте пред две години

91

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваа Петре Шилегов и Коце Трајановски. Трајановски во текот на дебатата го потсети Шилегов дека има ветено дека ќе изгради универзална, но за жал поминаа две години, а се уште ја нема започнато.

Господине Шилегов, Вие сте градоначалник две години во изјавата пишувате дека само што ќе станам градоначалник ќе ја почнам универзалната сала. Имате готов проект кој што чини 17 милиони евра. И две години не го започнувате, истакна Трајановски.

Трајановски додаде дека на Шилегов му помина половина од мандатот, а се уште не е започната ветената универзална сала. А, велите универзалната сала, ќе ја вратиме на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.